Штедилница Можности дел од „Денови на кариера” во Гостивар

1.06.2017

Штедилница Можности беше дел од настанот „Ден на кариера” што се одржа на 29.05.2017 година во просториите на Средното општинско економско училиште „Гостивар” во Гостивар.

На настанот присуствуваа претставници од бизнис заедницата во Гостиварскиот регион, кои заедно со деветтоодделенците од школото го споделуваа нивниот пат на градење кариера, почнувајќи од школските клупи, па сè до стекнување на работен однос и реноме во заедницата во која живеат.

Настанот беше одлична можност штедилницата да им ги претстави своите продукти и услуги на присутните.
Колегите од експозитурата на Штедилница Можности во Гостивар се дружеа со присутните, истовремено споделувајќи и искуства и совети од областа на кредитирањето, културата на штедење и помагање на луѓето кои планираат да започнат своја сопствена дејност.

Се движиме заедно,
Штедилница Можности