Можности дел од настанот „ Осмомартовски базар на занаетчиски производи”

13.03.2019

 

Штедилница Можности беше дел од настанот “Осмомартовски базар на занаетчиски производи” што беше организиран од страна на Занаетчиската комора на Скопје во соработка и поддршка од УСАИД кој траеше од 05-08.03.2019 година во Градски Трговски Центар во Скопје.

Целта на настанот беше поддршка на женското претприемништо и јакнење на улогата на жената во општеството преку подобрен пристап до финансии.

Настанот овозможи пристап до голем број занаетчии за промоција на продуктите на Штедилницата. Високи претставници од УСАИД го посетија настанот каде преку разговор со учесниците и со претставници од нашата штедилница споделија искуство за потребите на жените претприемачи и занаетчиите.

Со учество на настани од ваков тип, Штедилница Можности како општествено одговорна институција едуцира и советува, а воедно и ги презентира  своите производи и услуги коишто постојано ги унапредува, сè со цел задоволување на потребите на клиентите.