Големина на фонт: A A A

 Формирање на мини енциклопедија на македонски производи

 

Предизвик за почетната идеја за реализација на проектот ЕКАРТА беше секојдневното пребарување на Google и неможноста да се појават македонски производи и компании за одредени производи.

„При пребарувањето на некои специфични производи, многу често се појавуваат странски веб-страници и компании, па потребно е како корисник да ја вметнуваш наставката .мк или да пишуваш со македонска поддршка. Така го купив доменот во .мк и почнав да размислувам за реализација на проект кој ќе биде мини енциклопедија на сите производи во Македонија”- раскажува г. Спасев Тодор, сопственик на ЕКАРТА.

Денес ЕКАРТА е интернет маркетинг агенција која се занимава со дигитален маркетинг, развој на софтвер,  веб-дизајн, хостинг,  продажба на готови веб-страници за одредени клучни зборчиња, односно продажба на производи со најдобар квалитет.

 

Иновативноста е во тоа што на веб-страницата shop.ekarta.mk развивме платформа преку која компаниите можат сами (без технички познавања) да креираат веб-страница со сопствено име или во поддомен на vo .mk, да одберат дизајн од 340 готови шаблони (template) и можност сами да менаџираат производи за презентација или продажба.

 

За побрзо појавување на прва страна на Google, Yahoo, Bing итн. платформата е технички подготвена да ги исполни најважните предуслови, како:

- клучниот збор го содржи името на веб-страницата, пример vrati. vo.mk;

- технички оптимизиран код, нема потреба од техничко познавање за изработка на оптимизирана веб-страница;

- изработената веб-страница има мобилна верзија со Bootstrap технологија;

- вклучена оптимизација за пребарувачи;

- корисност на содржината, описот е мини енциклопедија за секој производ така што содржината е уникатна и корисна за пребарувачите корисници на производот.

Компаниите имаат дополнителна промоција на социјалните мрежи и презентација на производите на заедничка продавница на сите производи од сите изработени веб-страници.

Планираме во иднина да развиеме поврзување со социјалните мрежи преку дополнителен сервисен информативен портал, огласник, сервис за поддршка на корисници, заедничка продавница на сите производи од сите поддомени, со што би се проширила понудата на квалитетни производи и услуги,  би се реализирале нови иновативни проекти, би се проширил тимот и бе се обезбедил континуиран финансиски раст на компанијата.

 

„За да биде успешна една бизнис идеја, важно е бизнисот да обезбеди доволно финансии за тимот и инвеститорите, без многу стрес и проблеми при реализацијата. Но, за да се реализира ова, потребна е многу напорна работа” – вели г. Спасев, сопственик на ЕКАРТА”.

Со помош на кредитот од Можности изработивме апликација за електронско плаќање и апликација КРЕАТОР НА ВЕБ СТРАНИ ВО. МК со 340 професионални шаблони (template), оптимизирани за сите уреди и едноставно ажурирање и одржување БЕЗ технички познавања. Нарачката се прави на веб-страницата shop.ekarta.mk.

,,Професионалниот пристап на вработените и кратката постапка за средување на документацијата придонесоа да ги добиеме потребните финансии во најбрзо време.

Соработката со Штедилница Можности е успешна од самиот почеток и планираме долгорочно да ја задржиме”.

 
Кон врвот