Големина на фонт: A A A

18.03.2020

Известување од НБРСМ

Банките, штедилниците, менувачниците и правните субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари продолжуваат да работат

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека и по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за коишто Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган (банки, штедилници, менувачници и правни субјекти коишто даваат услуга брз трансфер на пари) продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе ви бидат достапни.

 Како што веќе известивме, ние сме во постојан контакт со овие финансиски институции и  тие се подготвени да ви ги овозможат нивните услуги и во вонредни околности. 

 
Кон врвот