Големина на фонт: A A A

15.03.2020

Соопштение од Македонска банкарска асоцијација поврзано со мерките и препораките за превенција и заштита од COVID-19 (Корона вирус)

Македонската банкарска асоцијација и сите нејзини членки редовно ги следат заклучоците, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за справување со заканата од вирусот COVID 19 (корона вирус).

Уште еднаш би сакале да ја известиме целата јавност дека и во најновите околности, сите наши членки – банките, штедилниците, Македонската Клирингшка куќа и Македонското кредитно биро продолжуваат посветено да работат на одржување на високо ниво на квалитет во испораката на банкарските и другите финансиски услуги за граѓаните и правните лица.

Притоа, ја информираме јавноста дека мрежата на филијали и експозитури на банките и штедилниците останува отворена за граѓаните и правните лица.

 
Кон врвот