Големина на фонт: A A A

07.05.2019

Соопштение за јавноста

Можности на најпосетениот и јубилеен 15-ти Скопски маратон 2019!

 

Штедилница Можности беше дел од 15-то јубилејно издание на Скопскиот маратон кој се одржа во Скопје во саботата, на 4-ти мај, а учествуваа рекорден број од над 12.000 маратонци од целиот свет.

Тимот на штедилницата го сочинуваа триесет и еден колега кои зедоа учество во трката на 5 км и полумаратонот (21 км) и сите успешно завршија на целта. Учествуваа колегите од дирекцијата во Скопје како и колегите од повеќе од половината од нашите експозитури: Кочани, Кичево, Куманово, Велес, Струмица, Скопје-ГТЦ и Скопје-Аеродром.

Нашиот колега и професионален маратонец Александар Кираџиев и оваа година ја одбрани титулата Национален шампион по петти пат во земјава и шестопласиран во целокупна конкуренција. Тој ја мина трката за време од 2 часа 37 минута и 41 секунда.

Сите заедно, и оние кои учествуваа на трките, и останатите колеги кои дојдоа како поддршка под боите на штедилницата, придонесоа во промовирањето на спортскиот дух.

Дружбата на вработените од спортските патеки се пресели во локален бар каде што се собраа учесниците маратонци и тимот за бодрење. Сите добија признанија од управителот на штедилницата за покажаниот спортски и тимски дух.

Штедилница Можности го спонзорираше учеството на сите свои вработени – учесници, а ги поддржа и со соодветна брендирана опрема за трчање,  докажувајќи се како општествено одговорна компанија која со својата визија и мисија успешно ги спојува  грижата за своите вработени и поддршката на настани од спортски карактер.

Подолу слики од тимот на штедилницата.

Тим маратонци од штедилницата!

Дел од атмосферата.

 

 

 

Со шампионот на крај!

Спортски поздрав до следна година на Скопски маратон!

Се движиме заедно
Штедилница Можности

 
Кон врвот