Големина на фонт: A A A

 

20.05.2020

Соопштение за јавност

Проширување на дејството на ПОНУДАTA 

 за промена на договорните услови за кредитни производи заради кризата од пандемијата на COVID-19, во Штедилница Можности ДОО Скопје, објавена на ден 06.04.2020 година

Почитувани клиенти,

Согласно Уредбата со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците, објавена во Службен весник на РСМ бр.125 од 15 мај 2020 година и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ, објавена во Службен весник на РСМ бр.116 од 05 мај 2020 година, Штедилницата одлучи, понудата која се достави до клиентите со период на важност од 06 април до 16 април 2020 година, да се прошири и за клиентите  на кои им се одобрени кредитни изложености во Штедилница Можности во периодот од 01 до 24 март 2020 година,  коишто при одобрување  се  класифицирани во категориите на ризик „А“, „Б“ или „В“ редовни.

Рокот на важност на оваа понуда е до 30.05.2020 година.

 

 

Со почит,

Штедилница Можности

Се движиме заедно!

 
Кон врвот