Големина на фонт: A A A

13.12.2018

Соопштение за јавноста

Можности е таму каде што си и ти!

Почитувани клиенти,

Штедилница Можности Ве известува дека од денес 13.12.2018 година започна да ја нуди новата услуга за е-банкинг.

Услугата е наменета за сите клиенти кои користат кој било од продуктите на штедилницата, со што Можности се доближува до своите клиенти, следејќи ги новите трендови и модерната технологија.

Со оваа нова функционалност, во секое време можете да:

- ја проверите состојбата на кредитот или депозитот;
- пратите прашање, сугестија или поплака;
- имате увид во листата на уплати и исплати;
- имате увид во Вашиот амортизационен план;
- добиете информација за статусот на кредитот;
- ја проверите важечката курсна листа во штедилницата;
- и други информации.

Услугата за пристап до е-банкинг на Штедилница Можности е БЕСПЛАТНА за сите корисници и е на располагање 24/7.

За дополнителни информации обратете се во експозитурите на штедилницата или контактирајте нè на 02 2401-054 или e-banking@moznosti.com.mk.

Со почит,
Штедилница Можности

 
Кон врвот