Големина на фонт: A A A

26.12.2018

Соопштение за јавноста

Е-банкинг недела во Штедилница Можности

Во периодот од 13.12. до 20.12.2018 година сите вработени беа дел од промотивната е-банкинг недела во која се промовираше новата е-банкинг услуга на Штедилница Можности која е наменета за сите клиенти кои користат кој било од продуктите на штедилницата.

На овој начин Можности се доближува до своите клиенти, следејќи ги новите трендови и модерната технологија.

Во пријатна атмосфера, со ведар дух и многу позитивна енергија, промоцијата помина успешно.

Благодарност до сите наши клиенти кои ја поддржаа е-банкинг неделата и ги користат нашите продукти и услуги, а и до сите вработени во штедилницата кои беа дел од целокупната промоција.

Подолу Ви пренесуваме дел од промотивната е-банкинг недела.

 

 

Се движиме заедно,

Штедилница Можности

 
Кон врвот