Големина на фонт: A A A

06.05.2020

Соопштение за јавност

Известување до клиенти

 

Почитувани клиенти, кредитокорисници и штедачи!

Сакаме да ви се заблагодариме за довербата што ни ја давате и во овие вонредни услови со коишто се соочуваме сите ние и професионално и приватно.

Ви се заблагодаруваме на сите вас што одлучивте да продолжите со редовна отплата на кредитите, согласно претходно договорената динамика, со што покажавте солидарност со сите оние на кои навистина им е потребна помош во текот на кризата предизвикана од пандемијата на COVID-19.

Вам на кои ви беше потребна помош и ја прифативте понудата, ве уверуваме дека заедно побрзо ќе ги надминеме предизвиците со коишто се соочувате, а со цел за што побрзо враќање на Вашите деловни активности во нормален тек, по завршувањето на кризата.

 

Со почит,

Штедилница Можности

Се движиме заедно

 
Кон врвот