Големина на фонт: A A A

01.11.2019

Соопштение за јавноста

Признание за најдобар службник во штедилницата

Светскиот ден на штедењето и годинава беше одбележан со свечена церемонија од страна на Македонската Банкарска Асоцијација во присуство на претставници од НБРМ, од Министерството за финансии, Фондот за осигурување на депозитии од банките и штедилниците.

На свечена церемонија на 31.10.2019 година, беа доделени награди и признанија на најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава, кои во текот на 2019 година покажале особени резултати во работењето. Од Штедилница Можности, најдобар службеник беше избранa Кристина Настевска од Служба за релации со клиенти, Сектор Деловна мрежа, со посебен придонес во процесот на дигитализација  на услугите на штедилницата, унапредување на ефикасноста во штедилницата преку поставување на процесите низ Workflow систем  и користење на дигиталните медиуми на комуницирање со клиентите, со што штедилницата се доближува до своите клиенти и ги следи новите трендови и модерната технологија.

Признанието за службениците е во форма на специјално изработени статуетки, кои традиционално се изработуваат при секое одбележување на овој ден.

Се движиме заедно,

Штедилница Можности

 

 
Кон врвот