Големина на фонт: A A A

24.10.2019

Соопштение за јавност

Можности дел од спортската бизнис заедница

 

Штедилница Можности беше дел од Business Run 2019 којaшто се одржа во Скопје во саботата, на 19-ти октомври, а беа пријавени над 90 компании од целата држава.

Тимот на штедилницата го сочинуваа колегите Ана Мицковска Јанкова, Марко Ивановски, Раде Филиповски и Александар Кираџиев во штафетна трка со измени на секои 2 км.

Предводени од нашите колеги и професионални маратонци Александар Кираџиев и Марко Ивановски, тимски истрчаа за 32:06 минути, што беше четврто најдобро време на настанот.

Колегата и маратонец Александар Кираџиев доби награда за најбрз круг во машка конкуренција со време од 6:13 минути.

Сите заедно, и оние кои учествуваа на трката, и останатите колеги кои дојдоа како поддршка под боите на штедилницата ја остварија целта на оваа трка, а тоа  е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење, истакнување на важноста на тимскиот дух како и пример за своите колеги и деловни партнери.

Штедилница Можности го спонзорираше учеството на сите свои вработени – учесници, докажувајќи се како општествено одговорна компанија којашто со својата визија и мисија успешно ги спојува  грижата за своите вработени и поддршката на настани од спортски карактер.

Честитки за колегите!!!

Спортски поздрав до следната година!

 

 
Кон врвот