Отворен денарски депозит (FLEXI)

Отворен денарски депозит (FLEXI)

Флекси депозитот е отворен депозит на кој странката може да уплатува и од кој може да повлекува средства во текот на рочноста на депозитот.

Флекси може да биде орочен само на 6, 12, 18 и 24 месеци.

Минималниот депозит изнесува 6,000 денари

Депонентот може да уплати безброј пати средства на депозитот, а може да подигне најмногу 20% во текот на месецот.

Каматата на флекси депозит се припишува на депозит со неговото доспевање и му се става на располагање на депонентот.

1. Отворен денарски депозит (flexy) отворен и реорочен по 01.02.2024 година

РокТип на каматна стапкаКаматна стапка
6 месециФиксна0,40%
12 месециФиксна0,80%
18 месециФиксна1,30%
24 месециФиксна1,80%

*Каматните стапки за депозитите се на годишна основа.
*Каматните стапки за депозитите отворени по 01.07.2017 година се фиксни.

Напомена: Сите депозити отворени заклучно со 30.06.2017 година и отворени по 01.07.2017 година, кои доспеваат по 01.07.2017 година, ќе се реорочуваат со фиксна  каматна стапка која важи во моментот на реорочување.

Фондот за осигурување на депозити ги обесштетува депозитите до денарска противвредност на 30.000 евра.

Општи услови за работење со депозити на физички лица