Големина на фонт: A A A

5 години “Можности“ во Кавадарци

Визија за развој на Тиквешкиот регион

На 17 февруари 2008 година, експозитурата на “Можности“ во Кавадарци прослави 5 години од нејзиното постоење.

Експозитурата во Кавадарци го покрива Тиквешкиот регион во Република Македонија, успешно остварувајќи ја мисијата на “Можности“, да им помогне на луѓето да започнат мала стопанска дејност и истата да ја развиваат.

Експозитурата започна да функционира само со еден вработен, во текот на годините бројката растеше, за да во моментов го достигне бројот од 5 вработени.

Експозитурата во Кавадарци е првата експозитура каде што се воведе благајничкото работење, односно тоа започна од 1 септември 2003 година, со што понуди и повеќе услуги, го подобри квалитетот во работењето, се доближи повеќе до своите клиенти .

Во текот на 5-годишното работење на “Можности“, во Кавадарци се остварени значајни посети од страна на партнер организации од странство, со нивни претставници меѓу кои амбасадорот на САД во РМ, Директорот на УСАИД во РМ, Претставник на ГМФ, Претставници на ИФАД, Претставник од СИДА - шведска амбасада.

Во 2005 година, експозитурата изврши консултантски услуги на тема финансиска анализа и стручно мислење на кредитни апликации за земјоделски кредити кои се процесираа на локално ниво.

Секоја година, експозитурата во Кавадарци ја претставува штедилницата “Можности“ на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ која традиционално се организира секоја година, при што се дава акцент на винарските визби кои постојат и успешно делуваат во Република Македонија.

Во повеќе училишта низ градот се направени донации на компјутери и работен материјал.

Во досегашното работење, експозитурата во Кавадарци има реализирано над 1 800 кредити во износ од над 6 милиони евра и има над 800 активни клиенти.

Во делот на штедењето постојано одржува највисоко ниво на штедни влогови и во тој поглед ја стекна довербата на над 1.400 штедачи.

Вкупниот износ на пласирани средства во штедилницата “Можности“ од кредитната линија ИФАД 2 изнесува над 4.500.000 евра. На ниво на штедилницата “Можности“, преку експозитурата во Кавадарци се пласирани над 40% од вкупниот пласман на кредитната линија ИФАД 2.

Процесот на децентрализација што се спроведе во штедилница “Можности“, како чекор за поголема самостојност во работењето на експозитурите, во експозитурата во Кавадарци беше воведен во 2006 година.

Децентрализацијата придонесе за поголема ефективност, самостојност во работата, за подобрување на квалитетот на услугите кон нашите клиенти.

Имајќи ги предвид искуствата на експозитурата во Кавадарци со што се придонесува за ефикасно спроведување на новините во развојот и деловната политика на “Можности“, истата ќе се стреми кон продолжување на успешната имплементација на сите нови предизвици кои нè очекуваат на полето на остварувањето на нашата мисија и визија.

Експозитурата Кавадарци беше избрана за најуспешна експозитура во штедилницата “Можности“ за 2007 година.

Поминаа 5 успешни години од работата на експозитурата во Кавадарци, а нè очекуваат уште поголеми предизвици за уште поголеми задачи и успеси во иднина.

 

 
Кон врвот