Големина на фонт: A A A

10 години “Можности“

Визија за развој на Источна Македонија

На 08 декември 2007, експозитурата на “Можности“ во Кочани прослави 10 години од нејзиното постоење.

Експозитурата во Кочани покрива дел од територијата на Источна Македонија, успешно остварувајќи ја мисијата на “Можности“, да им помогне на луѓето, да започнат мала стопанска дејност и истата да ја развиваат.

Експозитурата започна да функционира само со еден вработен, во текот на годините бројката растеше, за да во моментов го достигне бројот од 6 вработени.

Во ноември 2003, експозитурата започна и со благајничко работење, со што понуди и повеќе услуги, го подобри квалитетот во работењето, се доближи повеќе до своите клиенти.

Во текот на 10-годишното работење на “Можности“ во Кочани, се остварени значајни посети од страна на партнер организации од странство меѓу кои УСАИД и Opportunity International. Во 1999 година, експозитурата ја посети амбасадорот на САД, Христофер Хил, а во 2000 година и новоназначениот амбасадор Мајкл Ајник, заедно со УСАИД, повторно ја посетија експозитурата и клиентите на “Можности“ во Кочани.

Се организираа повеќе дружења на вработените, меѓу кои во 1999 се организираше значаен пикник на ниво на “Можности“ и број на клиенти на Пониква, а во 2000 година и „ајваријада“, исто така заедно со нашите клиенти на Пониква.

Првиот кредит што беше реализиран во Кочани е на клиентот Дивна Иванова за подигнување на пластеници.

Во досегашното работење, експозитурата во Кочани има реализирано над 3 000 кредити во износ од над 10 милиони евра и има над 700 активни клиенти.

Во делот на штедењето ја стекна довербата на над 1 200 штедачи. Имајќи ги предвид искуствата на експозитурата во Кочани како пионер во спроведувањето на новините во развојот и деловната политика на “Можности“, истата ќе се стреми кон продолжување на успешната имплементација на сите нови предизвици кои нè очекуваат на полето на остварувањето на нашата мисија и визија.

Поминаа 10 успешни години од работата на експозитурата во Кочани, а нè очекуваат уште поголеми предизвици за уште поголеми задачи и успеси во иднина.

 
Кон врвот