Големина на фонт: A A A

10 години “Можности“

На 24 мај, во просториите на Куршумли Ан во Скопје, заедно со нејзините пријатели, “Можности“ прослави 10 години од нејзиното постоење.

...Постоиме од 1996 година. Започнавме со мал тим, а денес сме стотина. Ги поддржуваме семејните бизниси, земјоделието, производството, услугите. Ги поддржуваме добрите идеи. Тоа го правиме од љубов кон луѓето. Нашата постојана инспирација ја црпеме од нивните успеси.

Создаваме традиција, генерации, тимска работа, инспирација, храброст, пионерски дух, имаме цел која ја остваруваме. Овие вредности се неразделив дел од нас. Живееме со нив секој ден и по тоа нè препознаваат...

На овој свечен настан, “Можности“ имаше прилика да ја искаже својата благодарност кон нејзините партнери и долгогодишни пријатели на кои за таа цел им додели плакети и благодарници.

Во знак на нивната посветеност кон целите и задачите на “Можности“, на нејзините вработени со работен стаж од 5 и повеќе години им беа доделени благодарници и подароци.

Освен официјалниот дел, присутните гости се дружеа и се забавуваа до раните утрински часови со бендот Brethless.

...Поминаа 10 години. Има уште многу пред нас. Имаме многу за истражување и многу за откривање, чекорејќи кон иднината...

 
Кон врвот