Профил на Штедилница Можности

Штедилница Можности е финансиска институција која постои повеќе од 23 година на финансискиот пазар во Република Северна Македонија, додека почетоците на микро кредитирањето преку Можности датираат од 1996 година.

Водејќи се од мисијата и визијата, штедилницата е препознатлива по улогата на поддржувач на луѓето во потребата да добијат финансиска поддршка за своите добри деловни идеи, вербата во слободната иницијатива, индивидуалната креативност и личната одговорност.

Во континуитет креираме и имплементираме нови продукти и услуги кои се прилагодени на потребите на нашите клиенти и така ќе продолжиме и во иднина со што би ја зајакнале нашата позиција на финансискиот пазар, со постојани иновации и подобрување на процесите следејќи ги промените во општеството.

Нашите главни предности се: брзина, флексибилност и ефикасност во процесот на кредитирање, услужувајќи ги микро, малите и средните претпријатија, како и поддржувајќи ги семејните бизниси во областа на земјоделието и секторите трговија, услуги и производство, како и физичките лица кои работат за плата, пензионерите и студентите. За физичките лица, Штедилницата нуди и продукти од областа на штедењето.

Штедилницата ужива голем рејтинг меѓу финансиските институции во Република Северна Македонија, благодарение на високата ефикасност, посебно води грижа за брзината и квалитетот на услугите, преку нагласениот добар однос со клиентите и улогата на континуирано советување на сите клиенти. Штедилницата го организира работењето со клиентите, на тој начин што секој клиент на штедилницата има точно определено лице за контакт (службеник за односи со клиенти), кое во секој момент може да одговори на сите прашања и потреби на клиентот.

Темелите на нашата деловна политика се засноваат на постојана иновација и воведување на нови производи и услуги, преку следење на трендовите и препознавање на потребите на пазарот.

Штедилница Можности е добитник на наградата “Good Practices Europe Award 2013”, сонзорирана од Giordano Dell’Amore Foundation во соработка со European Microfinance Network.

Денес, штедилницата има деловна мрежа низ територијата на целата држава: Скопје (експозитура Аеродром и Лептокарија), Куманово, Кавадарци, Кочани, Велес, Струмица, Тетово, Кичево, Битола, Струга и Гостивар. Тимот на штедилницата го сочинуваат 93 вработени. Целта ни е приближување на нашите производи до сите потенцијални клиенти, да ја оправдаме вербата на нашите сегашни и идни клиенти кои во штедилница Можности препознаваат сигурна и стабилна финансиска институција.